Грант од 20,7 милиони евра за рурална инфраструктура

Bez autora
Jan 07 2015

Руралните општини од денеска можат да аплицираат во Министерството за финансии за добивање грантови – неповратни средства во висина до 260.000 евра за инфраструктурни проекти. Вкупниот фонд на грантот за рурална инфраструктура е 20,7 милиони евра од кои 15,5 милиони евра се обезбедени од средства од ИПА, а останатите 5,2 милиони евра се од буџетски средства. Средствата се наменети за инвестиции во инфраструктурни проекти за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води (пречистителни станици и системи за отпадни води со капацитет за популација помеѓу 2.000 и 10.000 жители), управување со цврст отпад, изградба или реконструкција на локални патишта и улици, основна инфраструктура за достапност до електрична енергија, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност,...

Грант од 20,7 милиони евра за рурална инфраструктураРуралните општини од денеска можат да аплицираат во Министерството за финансии за добивање грантови – неповратни средства во висина до 260.000 евра за инфраструктурни проекти.

Вкупниот фонд на грантот за рурална инфраструктура е 20,7 милиони евра од кои 15,5 милиони евра се обезбедени од средства од ИПА, а останатите 5,2 милиони евра се од буџетски средства.

Средствата се наменети за инвестиции во инфраструктурни проекти за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води (пречистителни станици и системи за отпадни води со капацитет за популација помеѓу 2.000 и 10.000 жители), управување со цврст отпад, изградба или реконструкција на локални патишта и улици, основна инфраструктура за достапност до електрична енергија, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност,... Може да бидат наменети и за проекти за улично осветлување, уредување и изградба на туристички и рекреативни области, изградба и реконструкција на општински објекти како што се детски и младински културни центри, детски градинки, училишта, пазари, општински згради, како и останати приоритетни проекти во надлежност на локалната самоуправа.

Целта на проектот, според Министерството за финансии, е да го подобри на квалитетот на живот во руралните средини, да ги намали разликите помеѓу урбаните и руралните општини во поглед на социо-економскиот развој и да ја подобри конкурентноста на руралните средини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik